Додека гледате странски видеа како разни автомобили дрифтаат и „ги палат гумите“ и се насладувате на димот од звукот што го испуштаат сигурно сте се запрашале дали нешто слично може да има и кај нас.
Па изгледа може, бидејќи пред неколку денови во Гостивар се организираше ваков настап. Неколку десетици возила, моќни машини, мирис на бензин, запалени гуми… Не недостасуваа ниту девојки со високи нозе. А публиката…
Сите со телефоните во рацете, се стискаат еден до друг посакувајќи да бидат што поблиску до возилата да фатат од атмосферата, од димот…
Останува само прашањето околу организацијата и безбедноста на ваквите настани и дали треба толку блиску публиката до возилата? Дали истиот е пријавен?
За носење маски во време на пандемија на Ковид-19 да не зборуваме.
Но, мирисот на бензин понекогаш придонесува за чудни симптоми.