Автомобилските производители, но и останатите имаат тенденција да покажат повеќе, поголеми и подобри перформанси и карактеристики отколу реалното. Така на пример често знаеме да купиме чоколадо кое е со 100 гр. нето тежина, а кога ќе го измериме тоа има 95 гр.
Кога купуваме автомобил наведено е дека има 1.8 кубни сантиметри, а во суштина е 1.755. Сепак тоа не важи за Toyota поточно новата Supra.
Имено во фабричката спецификација е наведено дека располага со 340 КС и 500 Nm обртни моменти, но овој автомобил има далеку подобри перформанси.
Така Toyota е фатена како лаже, а за тоа се погрижаа дечки кои докажаа дека овој модел располага со 376 КС што е за 36 КС повеќе од фабрички наведеното и 555 Nm што е за 55 повеќе од фабрички наведеното. Како изгледаше сето тоа погледнете на видеото во продолжение.