Речиси и да нема ден, а екипата на CarWow да ни подготви некое адреналинско видео. Во последното, Мет Вотсон заедно со неговите колеги ги вкрстува силите на BMW M4, Audi RS5 и Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio.
Пред да го погледнете видеото потребно е да знаете дека италијанскиот претставник под хаубата располага со 2,9 литарски twin-turbo V6 мотор кој продуцира 510 КС.
Audi пак, има исто така 2,9 литарски V6 мотор, но со 450 КС додека пак BMW M4 3,0 литарски twin-turbo мотор со 431 КС.