Технологијата на воздушните перничиња во автомобилите е развиена на високо ниво, и во многу случаеви токму тие спречиле поголема несреќа во кабината при сообраќаен инцидент. Како што се внимава на безбедноста на патниците, особено на предните седишта сѐ повеќе се работи и на подобрување на безбедноста и на сопатниците, па и оние во детските седишта.
На пазарот веќе е во продажба првото стандардно безбедносно седиште за деца со безбедна воздушна перница. Технологијата е дело на фирмата Maxi-Cosi, а самото помагало се вели AxissFix Air. Во Британија чини 550 фунти.
Во случај на удар двете воздушни перничиња што се монтирани во седиштето се активираат за 0,05 секунди. Уредот го намалува дејството на ударот врз вратот и главата на детето за 55% во споредба со стандардните детски автомобилски седишта.
Седиштата се за деца од 4 месеци до 4 години ,за тежина на детето до 19 кг. и за раст од 61 до 105 см. Седиштето се монтира брзо и безбедно благодарение на вградените системи Isofix и Top Tether, а шарени показатели потврдуваат дека поставувањето на седиштето е извршено според сите безбедносни правила.