Словенечката компанија за развој и производство на издувни системи Akrapovic создаде специјален издувен систем од титаниум наменет за BMW M8 Competition.
Со овој издувен систем, специјалната верзија на М8 која го носи и кодот F91, располага со 26 КС и 31,8 Nm повеќе од основната верзија додека пак тежината е помала за 11,1 килограм.
Она што импресионира е звукот кој Akrapovic го доловува преку специјално креирано видео прикажано во продолжение.
Зголемете го волуменот и уживајте.