Rolls-Royce инспириран од вселената (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Rolls-Royce создаде специјална варијанта на моделот Phantom со име „Tempus Collection“. Оваа верзија на најголемата лимузина на брендот е инспирирана од просторот, времето и бесконечното пространство на вселената. На пример, новатата специјална боја „Kairos Blue“ содржи парченца од минерали, кои создаваат фин ефект на блесок и се дизајнирани да ги имитираат ѕвездите на ноќното небо.

Покрај тоа, новодизајнираниот „Pulsar Starlight“ комбинира оптичко осветлување и сложени врски. Стотици светлечки перфорации формираат вртливи, ротирачки модели во панелите на вратите. Шлаг на тортата е рачно насликаната кутија со шампањ во луксузното возило.

„Phantom Tempus е автомобил за оние кои го оформуваат светот и бараат сопствено место во Вселената“ – филозофијата на шефот на Rolls-Royce, Торстен Милер-Јотвос.

„Тие разбираат дека имаме ограничено време на светот, независно од индивидуалните таленти и можност и дека од нас зависи дали ќе го искористиме максимално секој момент“.

Sprit of Ecstasy, кој годинава го празнува својот 110. роденден, блеска на капакот. На колекцијата Phantom Tempus му се дава индивидуален датум и место – момент во времето, кој е од особено значење за соодветниот клиент.

Денот на венчавка, раѓањето на дете или можеби специјален бизнис успех можат да бидат гравирани и овековечени како сувенир врз основа на познатиот украс на хаубата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK