Kia EV6 e „Автомобил на годината во Македонија“ за 2024

ОБЈАВЕНО НА:

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 29-ти пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков тип во Македонија каде гласаат новинари кои се специјализирани во оваа област.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет финалисти кои конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2024“. Листа финалисти ја сочинуваа (наведени по азбучен ред):

– Jeep Avenger
– Kia EV6
– MG4
– Renault Austral
– Škoda Enyaq

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ со гласање реши титулата да му ја додели на:

* Kia EV6

Во објаснувањето за изборот на Kia EV6 се вели:
„EV6 не само што е првиот модел на Kia направен на новата електрична глобална модуларна платформа, туку и првиот автомобил што ја има имплементирано смелата нова дизајнерска филозофија на компанијата. Тоа заедно со динамичните перформанси, импресивната автономија и брзото полнење на батериите навистина го претставуваат EV6 како нешто посебно.
Во внатрешноста обезбедува комфор и пространост на лимузини од висока класа, а поставува и нови стандарди во однос на технологиите за помош на возачот и инфозабава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK