Компанијата Great Wall Motor (GWM) објави дека во втората половина на јануари, производството на компанијата ја има поминато границата од 10.000.000 автомобили. Јубилејниот автомобил на кинескиот гигант е претставник на целосно новата (трета) генерација на Haval H6 и од компанијата споделија дека тој е биде изложен во музејот за автомобили во Пекинг.
GWM е главен играч во бизнисот со автомобили на територијата на Кина откако разви понуда со четири основни брендови: HAVAL, луксузната WEY, електричната ORA и GWM Pickup.
Основниот мотор на успехот на кинескиот гигант е првиот од нив, кој е специјализиран во СУВ автомобилите и во последните 11 години е постојан лидер на локалниот пазар со вкупен резултат од над 6,5 милиони единици.
Позиционираната во лускузниот сегмент, WEY има реализација на 400.000 СУВ автомобили, а специјализираниот во областа на пикапите GWM Pickup допринесе со вкупно 1,9 милиони единици и пазарен дел од вкупно 50%.