Ford се враќа на саемите – во Франкфурт доаѓа со моделот Puma

ОБЈАВЕНО НА:

Последниве години традиционалните саемски манифестации не се толку привлечни за автомобилските производители. Ford, Nissan, GM, Volkswagen, Fiat, Alfa Romeo, Volvo, Opel се само дел од производителите кои во изминатиот период не присуствуваа на саемите во Париз, Женева, Франкфурт, Детроит…

Сепак, по подолга пауза американскиот призводител Ford се одлучи да присуствува на саемска манифестација во Европа. Така, веќе е потврдено присуството на Ford на саемот во Франкфурт кој е закажам за во септември годинава.

При тоа потврдено е дека на овој саем ќе биде претставен и долго најавуваниот модел Puma, а тука ќе бидат и редизајн изведбите на Explorer и Kuga. Покрај овие модели присутни ќе бидат и веќе постоечките од европската понуда како што се Mondeo, Fiesta и Focus.

Покрај Ford, засега сигурен настап на овој саем имаат и BMW, Honda, Kia, Land Rover, Porsche, Seat, Volkswagen…