До 2025 година сите модели на Maserati ќе добијат електрифицирана верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Maserati ќе биде првиот бренд на FCA, а потоа и на Stellantis кој ќе добие целосно електрифицирана гама на возила.

Ова го потврди првиот човек на брендот, Давиде Грасо кој ги откри деталите за амбициозниот план според кој до 2025 година сите модели ќе добијат електрична верзија.

“Новите Gran Turismo и Gran Cabrio модели ќе бидат исто така електрифицира, а и целата наша линија ќе биде електрифицирана во наредните пет години” изјави Грасо.

Прв следен новитет кој ќе го претстави италијанскиот производител ќе биде малиот SUV Grecale кој ќе биде претставен следната година за кога е закажана и премиерата на новата генерација на GranTurismo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK