Ако го барате најнеодоговрниот возач тогаш тој ќе го пронајдете во Русија. Како што пренесуваат руските медиуми, неименуван Русин направил повеќе од 2.000 сообраќајни прекршоци.
BBC пренесува дека во Москва бил сопрен возач на луксузен автомобил поради направен прекршок. Тој одбивал да излезе од својот автомобил поради што полицајците биле принудени да го скршат стаклото и да го изнесат од автомобилот.
По легитимирањето на возачот се утврдило дека има богата историја на сообрќајни незгоди – повеќе од 2 илјади што е апсолутен рекорд. Иако не се откриваат повеќе детали околу прекршоците, се наведува дека во моментот на апсењето имал 184 неплатени казни.
Судот во Москва на овој возач му одреди седум дневен притвор.