Верстапен победи во Мексико – Хамилтон ја освои четвртата светска титула (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

На целта во Мексико по трката за Формула 1 Гран при, најрадосни беа во Mercedes иако триумфирааше возачот на Red Bull, Макс Верстапен. Германскиот тим успеа на две трки до крај на првенството да ја прослави четвртата шампионска титула на Луис Хамилтон. Британскиот возач на целта стигна со цел круг заостанување во однос н апобедникот, имаше проблеми на стартот и од 3 падна на последното место, но на крај не само што освои два бода, туку ја потврди и сопствената четврта титула.

Најважно беше што Себастијан Фетел не стигна до првото или второ место. Само во таа комбинација неизвесноста околу светскиот првак ќе продолжеше и на следната трка за две недели во Бразил. Вака сѐ беше решено уште тука во Мексико.

Интересно е што Луис Хамилтон по четири години првпат завршува трка во која е минат од победникот за цел криг. Тоа претходно се случи на трката за ГН на Шпанија во 2013 година.
Поради инцидент уште на почетокот Фетел и Хамилтон мораа веднаш да влезат во бокс и тоа ги чинеше многу загубено време, а тоа најмалку му одговараше на фетел, а повеќе на Хамилтон.

На пиедесталот се најдоа и Валтери Ботас и Кими Раиконен.
 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK