Верен автомобил: Mercedes-Benz 220 W111 – 54 години со еден сопственик

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот Mercedes-Benz W111 зазема посебно место во срцата на вљубениците во Mercedes. Во свое време тој автомобил беше врв на понудата на германскиот производител, па во 1963 година бил купен и од еден господин кој го возел секојдневно сè до неговата смрт во 2017 година. Во периодот од 54 години никогаш не го оставил својот сопственик на автопат.

Состојбата на бројчаникот открива дека автомобилот има поминато околу 49.000 милји односно околу 79.000 километри.

Сепак, бројчаникот на минати километри се враќа на нула после поминати 99.999 милји, а овој Mercedes-Benz 220 W111 веќе завртел четири полни кругови. Значи, вкупно поминал 449.000 милји односно 722.600 километри.

Оваа дистанца ја поминал со еден и единствен сопственик, кој педантно ја исполнувал книшката за сервис, а откако ја исполнил до крај отворил нова.

После неговата смрт, автомобилот темелно е обновен и после цели две години се продава по цена од 24.900 долари што е само доказ кои автомобили се поквалитетни сегашните или некогашните.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK