Велосипедите на готовс, но! Какви се законските обврски за управување во сообраќај

ОБЈАВЕНО НА:

Со топлото време сите ги вадиме велосипедите од гаражите и се почесто ги користиме. Но, и тие се учесници во сообраќајот и треба да ги знаете правилата за нивното управување кога ги користите во јавниот превоз. За непридржувањето на овие правила се санкционираат со глоби од 50 до 250 евра.

Најмалата граница за управување на велосипед во сообраќај е десет години, максималната брзина по велосипедска патека е 25 км/ч, а кога управувате велосипед не смеет да водите животно.
Забрането е движење по автопат, експресен пат или пат резервиран за сообраќај на моторни возила. За тоа е предвидена казна од 50 евра.

* Во зона на смирен сообраќај велосипед може да управува лице до десет години возраст во придружба на лице постаро од 16 години. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот, односно старателот кои постапуваат спротивно на овие правила.

* Возач на велосипед кога се движи по велосипедска патека и лента не смее да ја надмине брзината од 25 км/h.

* На велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Предвидената глоба е 50 евра во денарска противвредност.

* Возачот на велосипед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека, односно лента. Ако двајца или повеќе возачи на велосипед се движат во група се должни да се движат еден по друг. Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.

На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.

* Возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила и не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h.

* Возачот на велосипед е должен да управува со велосипедот на начин на кој не се намалува стабилноста на велосипедот и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.
Доколку не се почитуваат овие правила предвидена е глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност.

* При регулирање на ова прашање законодавецот дава препорака за носење заштитен шлем на главата за време на возењето на патот и рефлектирачки елек во услови на намалена видливост. Елекот и шлемот не се задолжителни и за нив не е предвидена глоба.

* На велосипед смее да се превезува дете до осумгодишна возраст, ако на велосипедот се вградени едно или повеќе посебни седишта пред или зад возачот.Предвидена е глоба од 50 евра во денарска противвредност.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK