понеделник, 25 декември, 2025 година

Велосипедистите против возачите: Ги снимаат и ги пријавуваат во полиција оние кои користат мобилен

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Една од причините за сообраќајни несреќи е користењето на мобилен телефон од страна на возачите на автомобили. Тие го оттргнуваат вниманието од сообраќајот, а возачите сакајќи да одговорат на повикот или да пратат порака или едноставно да следат што има на нивниот профил на социјалните мрежи забораваат на правилата. И тогаш настанува хаосот.

Мајк ван Ерп живее во Велика Британија и го загубил својот татко во сообраќајот. Загинал од возач кој користел мобилен телефон додека требало да го следи патот и сообраќајот. Веќе неколку години тој ги следи возачите на автомобили и ги снима со камера, монтирана на неговата кацига. Кога ќе го воочи возачот со мобилен телефон в рака, тој го запира, разговара со него, но и ја поставува фотографијата на полицискиот портал.

- Advertisement -

Полицијата потоа ги казнува возачите. Меѓу најпознатите жртви на Мајк ван Ерп е познатиот режисер Гај Ричи, кој поради користење на мобилен при возењето остана без возачка дозвола на шест месеци.

На Мајк ван Ерп не му беше лесно, доби веќе неколку закани со смрт, но вели:

„Не мислам да се откажам, безбедноста во сообраќајот ми е единствениот интерес. Само во Лондон на патиштата има илјадници велосипедисти со камери и многу се поактивни од мене“, вели Ван Ерп.

Иделано за кај нас. Имаме многу велосипедисти, и уште повеќе возачи што користат мобилен телефон додека го управуваат возилото. Само уште полицијата да биде поревносна и да почне да казнува по „допрен глас“, односно видео снимка.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја