Велосипед кој ви овозможува да возите и да џогирате во исто време (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Единственото превозно средство кое се вика Lopifit, е електричен велосипед кој во исто време е и лента за трчање. Направен е во земјата на велосипедите, Холандија.

Оној кој го вози, Lopifit му овозможува да поминува поголеми дистанци за кратко време, отколку да оди пеш, но притоа истовремено има и интензивен кардио тренинг надвор.

Неговите креатори тврдат дека овој необичен велосипеди исто така е погоден за оние кои не сакаат да возат велосипеди или некои физички ограничувања не им го дозволуваат тоа.

Lopifit овозможува движење со пешачко темпо од околу 5 км/ч, но и движење со брзина од околу 30 км/ч. Опремен е со робусна литиумска батерија од Samsung и електромотор Bafang, а со едно полнење на батеријата може да се помине и до 80 километри.

Тоа, секако зависи и од временските односно моментланите услови на експлоатација, тежина на корисникот и терен по кој се вози.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK