Дури 98 проценти од автомобили кои во моментов се движат на патиштата во Велика Британија ќе бидат забранети, а причина за тоа се измените во законот. Властите во Лондон се придржуваат кон намерите да ги објават сите мотори со внатрешно согорување надвор од законот од 2040 година со неколку помали забрани во неколку етапи пред тоа.
Владата исто така има намера да ги разгледа критериумите за прогласување на „еколошки“ автомобил и ги ослободува ода даноци. Според новите критериуми дури и Toyota Prius, кој е најпродаваниот хибрид на Островот ќе отпадне од списокот на еколошки модели.
Уште се разгледува точниот текст на законот за промени, но дека ќе дојде до вакво нешто беше јасно уште пред една година кога беше објавено дека се подготвува забрана за „конвензионалните автомобили“. Тогаш имаше големо прашање дали тоа ќе ги опфати и хибридите. Засега е познато дека ќе се спасат само дел од plug-in хибридите кои се способни да изминат минимум 80 километри на електричен погон.
Хибридите со мали батерии, како и оние кои не можат да се полнат од електричната мрежа како стандардниот Prius, ќе бидат меѓу забранетите.
Од почетокот на годината има пад на продажбата на возила во Велика Британија. Падот е со 8,8 проценти, а тоа беше причина за Jaguar Land Rover и Nissan да отпуштат стотици вработени.