Во големо истражување, кое за тема имало анализа на однесувањето на возачите во сообраќајот, спроведено во Велика Британија, анализирани се податоци за сообраќајни несреќи со трагичен епилог.
Истражувањето ги опфатило сообраќајните несреќи кои се случиле во период од 2005 до 2015 година во кои имало загинати. Истражувачите од Универзитетот Vestminster во Лондон следеле просечни статистики мерени на вкупно милијарди поминати километри.
Најголемата разлика е забележана меѓу мотоциклистите. Машките возачи и до десетпати повеќе учествуваат во сообраќајните несреќи со смртни последици отколку жените во споредба со просекот на километри кои ги минуваат и едните и другите. Исто така, со оглед на тоа дека е земен предвид и фактот дека жените главно возат помали мотори со помала сила (веспи, скутери, мопеди).
Кога се во прашање патничките автомобили и мини ванови, во сообраќајните несреќи со смртни последици мажите учествуваат во двојно повеќе несреќи од жените возачи.
Најинтересен заклучок на истражувањето донесуваат товарните возила. Судејќи според анализираните податоци, машките возачи четирипати повеќе учествуваат во фатални сообраќајни несреќи отколку жените. Авторите на истражувањето затоа додаваат дека би требало даима повеќе жени зад воланот на товарните возила.