Веќе е бестселер – новата Opel Corsa надмина 300.000 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Corsa беше избрана и за „Автомобил на годината во Македонија“ за 2020 година.

Шестата генерација на Opel Corsa се покажа како вистински погодок за германскиот производител. Вистински доказ за тоа е што од 2019 година, од кога и започна производството, овој модел е произведен во над 300.000 примероци.

Овој автомобил за прв пат беше претставен во 2018 година, а веќе следната влезе во производство во фабриката во Сарагоза (Шпанија). Се темели на EMP1 платформата развиена од PSA Групацијата, а која ја користи и моделот Peugeot 208.

“Corsa е прав успех за брендот на Opel и новата генерација ја продолжува долгата традиција на овој модел. Со Corsa и новата Mokka, која сега и стигна кај нашите дилери, во понудата се два нови возбудливи модели во овие важни сегменти” изјави директорот на Opel, Михаел Лохшелер.

Некои од германските медиуми наведоа дека кон крајот на следната година ќе биде претставен фејслифтот на овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK