Изборот на нови зимски гуми е една од најважните одлуки, кои секој возач треба да ги донесе во рамки на една календарска година. Од 15 ноември стапува на сила задолжителното поседување зимска опрема, што подразбира зимски гуми, или пак гуми со минимален профил од 4 мм. Но, секако препорака е да се имаат зимски гуми.
Имањето на нови, квалитетни и пред се проверени зимски гуми е исто како да имате добри, топли и непропустливи зимски чевли кога треба да излегувате од дома. Од ова прашање околу изборот на добри зимски гуми зависи стабилноста на превозното средство низ студениот период, како и безбедноста на одделни учесници во движењето. Тоа го советуваат и експертите, па затоа е важно да се знаат неколку работи. И секогаш кога размислувате дали треба зимска гума, нова или половна, скапа или евтина… сетете се на вашите чевли за во зима…
Најважно е да знаете дека сега цените на зимските гуми се дури и поевтини од оние летни со кои возите, и секако можете да добиете и добар попуст кај продавачите. Треба само да се распрашате, и секако да ги проверите цените во различни дуќани. А кој прашува – тој добива. Затоа немојте да се срамите – побарајте си слободно попуст.
Најчесто сега цените што се изложени во салоните се со одредениот попуст, и кога ќе споредите со цените на летните гуми ќе видите дека вреди да се инвестира во зимска гума. Во продолжение ќе можете да видите неколку прашања кои се од големо значење за оваа тема.
Дали се неопходни зимски гуми?
Изненадувачки, но факт. Сè уште доста возачи не го разбираат смисолот на замена на летните со зимски гуми и се прашуваат дали тоа е воопшто неопходно. Затоа на ова прашање веднаш треба да го знаете одговорот, а тој е ДА.
Оваа смена не само што е неопходна, туку буквално задолжителна. Возењето со летни гуми во зима значително ја влошува контролата над автомобилот и може да доведе до опасни ситуации на патот. Затоа и во законот се предвидени конкретни рокови за извршување на замената, а доколку не се почитува следува санкција.
Нискобуџетни или премиум зимски гуми?
Друга често среќавана грешка е купувањето на нискобуџетни зимски гуми, кои не располагаат со неопходните квалитативни карактеристики за гарантирање на нормалното движење при тешки услови. Слични зимски гуми не само што ќе ви создадат проблеми со одредени ситуации на патот, туку можно е да ви излезат и поскапи од финансиска гледна точка. Премиум зимските гуми, иако со повисока цена, трајно ја намалуваат отпорноста при тркалањето, а со тоа ги намалуваат постојаните расходи на гориво, извршувани при движење со вашиот автомобил.
Има ли смисол за стар автомобил да купувам премиум зимски гуми?
Не само што има смисол, туку за старт автомобил е уште поважно да се купат квалитетни и сигурни зимски гуми. Старите автомобили не располагаат со модерни асистирачки системи, кои ќе ви помогнат да се зачувате од опасни ситуации на патот, а често дури и не се прават со неопходната ефективност. На тој начин, дефинитивно ќе ви бидат потребни премиум зимски гуми, со кои ќе можете да си ја обезбедите сигурноста и мирот на патот.
Не треба да читате за незгодите што се случуваат во текот на зимата за да ги смените гумите. А истотака ниту пак да чекате да има редови и гужва кај сервисите за смена на гуми. Направете ја смената навреме.