До почертокот на зимската сезона и задолжителното поседување на симска опрема во возилата им ауште еден месец. Но, сега е веќе време да почнете со подготовка на возилото. Едно од вечните дилеми е дали да се користат алуминиумски бандажи или челични?
Ова е прашање кое се појавува кај голем број на возачи на моторни превозни средства. Сепак, нема одговор кој е прецизен бидејќи и едните и другите имаат свои позитивни, но и негативни страни.
На пример, алуминиумските бандажи се значително поскапи, но тие не рѓосуваат. Тие се полесни и влијаат позитивно на управувањето на автомобилот. Со нив подобро се ладат и сопирачките, а ефективноста на последните е од особена важност во есенско-зимскиот период.
Покрај тоа алуминиумските бандажи се и поубави. Од друга страна челичните бандажи, кои се претпочитаат за зимски услови се поевтини, отпорни на влијание и најважното посигурни. Со нив не е толку страшно да се влезе во дупка на патот, па тие се можеби подобра варијанта.