Важно е да се знае: На овие детали обрнете посебно внимание кај зимските гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Гумите се еден од најважните делови на автомобилот и тоа не е никаква тајна. Добро е познато дека добри, здрави и квалитетни гуми можат да го спасат животот и затоа секогаш е важно да се има грижа за нив односно секогаш да се менуваат во зависност од годишното време.

Со оглед на тоа што контактот меѓу патот и автомобилот се одвива преку гумите, максимално е важно тие да одговараат за автомобилот на кој се монтираат. Треба да бидат и прилагодени на условите на патот односно на сезоната во која се вози.

Летните гуми се создадени да се прилагодат најдобро во летни услови на патот, но доколку температурата падне под 7 степени тие губат еластичност односно контактот со асфалтот е многу полош. Затоа е максимално важно да бидат заменети со зимски.

При купување на зимски гуми потребно е да се обрне внимание на неколку многу важни работи за да не згрешите бидејќи со исправни гуми многу се зголемува сигурноста и се продолжува векот на траење на гумата. Првенство е важно да се обрати внимание на одговарачката големина на гумата односно димензиите на гумата, шарата, оптоварувањето и брзината.

Најлесно ќе дојдете до тие податоци ако го проверите страничниот дел од постоечката гума каде ќе наидете на мерки со следниот редослед: ширина/мерка за ширина и висина на пресекот на гумата (мерено во проценти), потоа шарата на која стои ознатата R (на пример R17 што значи дека шарата на гумата е 17 инчи), а на крајот индексот на оптоврување односно носивоста на гумата покрај која стои ознаката Н за индекс на брзината.

Многу е важно да се држите до тие спецификации и да купите гуми со одговарачки димензии пропишани за вашиот автомобил, а зависно од стилот на возење можете да бирате меѓу повеќе брендови и модели. Препорачливо е да ги купите сите четири гуми зимски бидејќи така автомобилот во целост ќе биде прилагоден на зимските улови, ќе биде посигурен и полесен за управување. Ако се одлучите само за две зимски гуми, безбедноста значителноќе се намали, значително побрзо ќе и потрошите летните гуми, кои никако не се погодни за зимски услови.

Ако летните гуми не се истрошени тогаш тие се погодни за користење следната сезона. Складирајте ги на место со одговарачки услови за да не се изменат својствата и да го изгубат квалитетот.

Важно е да го примените и овој совет. Ако гумите ги складирате со бандажи пред складирањето смалете го притисокот во гумите, но немојте во целост да ги испразните. Гумите со бандажи не ги ставајте во исправена положба туку обесете ги на носачи за да може да ја преживеат зимата без оптоварување.

Ако гумите со бандажи не можете да ги обесите, тогаш ставете ги една над друга, но така што висината на складираните гуми нема да биде повисока од 1,5 метар. Добро е еднаш месечно да ги прескладирате за да може онаа гума што е на дното постојано да се менува.

Гумите кои сте ги симнале од бандажи ставете ги паралелно во исправена положба, а меѓу нив оставете малку простор. Препорачливо е на секои четири недели да ги свртите за гумата да не се деформира.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK