ВАЗ ја открива Америка: Рускиот СУВ тргнува во продажба на големите пазари!

ОБЈАВЕНО НА:

На разгалените купувачи од САД им доаѓа возило кое веројатно не го очекувале. Компанијата Bremach Inc. ќе увезува два модели на ВАЗ. Се работи за руски ветерани кои се познати по своите теренски квалитети.

Тие ќе бидат преименувани, а во Америка ќе доаѓа UAZ Taos, кој ќе се продава како Bremach Taos. Гледајќи го нивниот дизајн сигурно доаѓа мисла дека не предизвикува голем љубопитност на прв поглед. Веројатно и нема, но Taos би можел да биде интересен за теренските специјалисти.

Сепак, и тука ќе има проблеми бидејќи на почетната цена од 26.405 долари, само 2.000 долари поевтин од првиот Jeepa Wranglera. Ќе бидат ли тоа и дизајнот по примерот на домашните фрижидери доволни за да се задоволат потребите на купувачите?

Шега на страна Тaos има камера за паркирање, како и сензори за паркирање, 7-инчен екран со тач, греење на шофершајбната, Wi-fi модем… Неговите теренски способности растат поради челичните шасија на која лежи, а тука е и 2,7-литарскиот четирицилиндричен мотор со 150 коњски сили и автоматик од шест степени (со редукција на пренос и блокада на задниот диференцијал). Рачниот меунвач ќе дојде нешто подоцна во САД.

Одалеченоста од тлото е 21 сантиметар, а оние што ќе го измачуваат ќе им се допадне податокот за пристапниот агол од 35 степени и аголот на заминување од 30 степени. Во понудата ќе има и дополнителна опрема на терен, како што се шноркели (кренати издувни цевки), бикови, шипки…

Гаранцијата е раскошни пет години или 96.561 км, додека гарацијата на моторот е десет години или 193.121 км. Следен на американскииот пазар доаѓа пикапот Patriot.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK