Валтери Ботас останува во Mercedes – Фетел заминува од Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Финскиот возач Валтери Ботас и следната сезона ќе биде дел од тимот на Mercedes во Формула 1 и ќе му биде клупски колега на Луис Хамилтон. Од 2017 година тој е дел од германскиот тим и секогаш добива само едногодишни договори.

Иако досега повеќепати покажа дека е возач со квалитет, се уште е во сенка на светскиот првак Хамилтон. Сезонава Ботас победи на првата трка во Австрија сезонава и уште двапати беше на подиумот.

Себастијан Фетел по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ferrari и ќе вози за тимот на Aston Martin пишува весникот „Газета дело Спорт“.
Според весникот, Фетел потпишал тригодишен договор и дека од новиот тим ги добил финансиските услови кои ги бараше и од Ферари, но нивните преговори пропаднаа.

Четирикратниот Ф1 шампион со Ферари има договор со крајот на сезоната, а откако не успеа да најде заеднички јазик со италијанскиот тим, се шпекулираше дека би можел да потпише за Mercedes. Но, откако Ботас го продолжи договорт со германскиот тим стана јасно дека Фетел ќе бара нов клуб.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK