Ваква трка не е видена досега: Возеше во рикверц со 210 км/ч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Трките за забрзување отсекогаш биле популарни, а ова сигурно е една од најоригиналните поради начинот на тркање.

На стартната линија се најдоа Audi RS3 и Porsche 911 GT2 RS. Станува збор за електрично Audi, кој благодарение на силниот електромотор на располагање има голема сила и вртежен момент и тоа веднаш по стискањето на папучата за гас. Благодарение на ваквиот погон, Audi подеднакво може да забрзува и во рикверц, па оттаму Porsche и покрај 700 коњски сили немаше шанси.

Освен што победи во оваа трка електричниот Audi RS3 постави брзински рекорд за возење во рикверц. Тој досега изнесуваше 162,7 км/ч, а Audi во рикверц возеше со точно 210 км/ч.

Овој Audi практично има малку од тоа заедничко со серискиот модел, а за погон користи коло од болид на Formule E и располага со неверојатни 1200 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK