Вака треба и кај нас: Кој прави прекршок го ставаат на билборд!

ОБЈАВЕНО НА:

На автобуските стојалишта во Љубљана постојат билборди на кои се истакнати имиња на оние што паркирале на места за инвалиди или направиле друг прекршок. Покрај името, постои и видот на прекршокот и плус казната што следува з атој прекршок.

Словенците нашле начин како да ги намалат сообраќајните прекршоци и истовремено да ги одвратат оние што се надеваат дека нивната грешка ќе остане „тајна“ за другите. На тој начин се надеваат дека ќе се подигне свеста кај сите учесници во сообраќајот.

На твитер веќе осамнаа многу коментари за таа кампања. Прашање е дали ваква кампања би вродила плод кај нас. Или ќе снема билборди? Како што тргнала полицијата последниве недели и напиша над 12.000 казни веројатно нема да може да најде доволно билборди.

Но, идејата е добра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK