Вака полицијата се справува со недисциплинираните: Казна од 100 евра за 1 км/ч побрзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата е упорна да излезе на крај со оние што сакаат да возат побрзо од дозволеното на патиштата, а високите казни се само еден од начините да влијаат сериозно да однесувањето на учесниците во сообраќајот. Но, кога ќе слушнете дека казанта од 100 евра може да добиете дури и ако возите за 1 км/ч побрзо од дозволеното тогаш сигурно многуќе внимавате на брзината. За среќа ова не е на нашите патишта.

Од 1 јуни 2020 година во Финска на силча стапува построги казни за кршења на правилата за движење во сообраќајот. Казнети ќе бидат дури и оние што ќе ја надминат максималната дозволена брзина со 1 км / ч.

Износот на казната е еднаков на сите оние кои треба да платат за возење над ограничувањето од 1-10 км / ч – 100 евра. Ако возите побрзо, односно меѓу 10-15 км /ч. казната скокнува на 170 евра, а за пребзро возење од 15-20 км/ч – до 200 евра.

Во исто време, Финска започна со масовно обновување на мрежата на сообраќајни знаци во последните 30 години. Ќе има многу значи кои ќе кажуваат за ограничување на брзината. Постојат и знаци во градовите каде ќе биде забрането возење со шилци на гумите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK