Вака изгледале првите навигациони системи во автомобилите (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Навигационите системи се речиси неизоставен дел од најголем дел од денешните автомобили. Но дали сте знаеле дека првите навигациони системи датираат уште од 1930 година?

Се започнува во далечната 1930 година кога во Италија е осмислен систем за навигација кој функционирал на начин што мапите во форма на ролна се вметнувале во метални кутии. При тоа со самото движење, мапата се одмотувала пропорционално на брзината. Проблем со овој начин на навигација било тоа што доколку ја напуштите првичната рута морате рачно да ја подесите и картата.

До осмислувањето на пософистициран начи на навигација потребни биле речиси 40 години. Така во текот на 70те години воздухопловниот и бродскиот сообраќај веќе користеле понапреден начин на навигација благодарение на веќе лансираните сателити во орбитата.

Автомобилите во овој период користеле т.н. касетна навигација која ја немале правата функционалност. Како функционирала оваа навигација можете да погледнете на видеото во продолжение.

Неколку години подоцна, поточно во 1981 година била воведена Electro Gyro-Cator навигацијата која е всушност првиот функционален систем за навигација.

Најзаслужен за развојот на овој систем е јапонскиот производител Honda кој заедно со Alpine и Stanley Electric го создале инерциско навигациониот систем, а поседувал жироскоп полнет со хелиум кој функционирал на единствен принцип.

Ако знаете каде сте или под претпоставка дека знаете во кој правец ќе одите и колку сте преоѓале, тогаш и вашата локација е приближно одредена. Картата се прикажува на 6 инчен монитор, а мапите рачно се менуваат. Цената на овој систем изнесувала речиси колку 1/4 од вредноста на автомобилот.

Во овој период значително напредувале системите за навигација, но истите биле далеку од нивото на денешните. Така во 1985 година се појавил Etak Navigator кој исто така се темелел на касети. Две години подоцна доаѓа целосно новата навигација развиена од страна на Toyota, а која користела CD дискови.

Првата навигација која во основа користела сателити за моментално позиционирање, а која е основа на денешната е развиена од страна на Mazda и се нарекувала Eunos Cosmo. Оттука со право се смета дека Mazda е пионир кога е во прашање современите навигациони системи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK