Вака би можело да изгледа новиот Mitsubishi Lancer

ОБЈАВЕНО НА:

Четири години Lancer не е дел од глобалната понуда на Mitsubishi. Тоа секако не им се допаѓа на оние вљубеници во автомобилизмот, особено спортските автомобили, каде што Lancer секогаш имал место.

Додека сме во исчекување за тоа што ќе направи Mitsubishi со овој легендарен модел, на интернет се појави неофицијален рендер за можниот изглед на осмата генерација на Lancer.

Рендерот е дело на дизајнерот Габриел Гонзалес од Филипините кој на Behance платформата го објави рендерот. На оваа платформа тој има објавено и рендери за други модели, пред се од брендови од Јапонија и Јужна Кореја.

Инаку првата генерација на Lancer е претставена во 1973 година и оттогаш па се до 2017 година е дел од глобалната понуда на јапонскиот производител. Овој модел сеуште се продава во Кина и Тајван каде во 2017 година беше претставена осмата генерација.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK