Golf и Polo со децении се неразделив дел од понудата на Volkswagen. По премиерата на новата генерација на Golf вљубениците во VW се во исчекување на премиерата на новата генерација на Polo.
Рускиот сајт Kolesa.ru објави рендер за можниот изглед на седмата генерација на Polo чиј дизајн е инспириран од осмата генерација на Golf.
Рендерот се појави неколку денови откако беа објавени првите фотографии од фејслифтот на седмата генерација која во моментов се тестира во зимски услови во Германија.
Инаку актуелната генерација на Polo премиерно беше претставена во 2017 година и се произведува во Шпанија, Бразил, Јужна Африка и Кина.