Вака би можело да изгледа новата генерација на Jaguar XJ

ОБЈАВЕНО НА:

Во јули Jaguar го заврши производството на четвртата генерација на моделот XJ и со самото тоа се отвори простор за новата, петта генерација. За овој модел не е познато многу. Единствено на саемот во Франкфурт беше претставено тизер видео од кое не може да се погледне многу за екстериерот и ентериерот. Оттука на интернет се појавија и првите неофицијални рендери.

Според рендерот, предната маска е со традиционална форма додека предните светла се инспирирани од моделот F-Pace со одреден измена во формата. На задниот дел доаѓа со споени стоп светла.

 

Jaguar XJ

За новата генерација, Јан Калум, директорот за дизајн на Jaguar претходно откри дека овој модел ќе се базира на новата MLA платформа, а ќе биде понуден и во електрична изведба со четири електромотори заедно со 100 kWh батерија и погон на сите четири тркала.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK