Ќе го следи ли Kia трендот на купе изведби на кросовери по рецептот на Renault, Mercedes, BMW, Porsche, Lamborghini и други? Иако нема официјална потврда од јужнокорејскиот производител, на интернет се појави рендер од Sportage во купе изведба.
Доколку се одлучи Kia за еден ваков модел тогаш ова ќе биде првиот производител кој ќе понуди нискобуџетен кросовер во купе изведба. Секако тука не го сметаме Renault и моделот Arkana бидејќи истиот е достапен само во Русија и земјите од поранешен СССР.
Инаку ова само еден во низата рендери кои ги објави КОЛЕСА, руски тим кој веќе подолго време објавува рендери за најразлични изведби и модели.