Вака би можело да изгледа кабрио изведбата на Porsche 911

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на спортски автомобили Porsche на саемот во Лос Анџелес премиерно го претстави долго најавуваниот модел 911. Меѓудругото, официјалните претставници на Porsche открија дека покрај основната изведба ќе бидат лансирани електрична и кабрио изведба на моделот 911.

Оваа изјава беше мотив плус да некој си поигра со 911 и направи рендер за можниот изглед на кабрио изведбата. Секако, познавајќи ја еволуцијата и дизајнерската филозофија на Porsche и рендерот нема никакви измени од основниот модел, а единствената разлика е што доаѓа без покрив.

За комерцијализацијата на оваа најавена изведба ќе мора да почекаме до крајот на следната година кога, според шпекулациите, ќе се одржи премиерата на овој модел.

Инаку основната изведба на овој модел во производство и продажба ќе се појави следната година, а почетната цена ќе изнесува околу 90 илјади американски долари во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK