Вака би можела да изгледа GTI изведбата на новиот Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen го претстави долгоочекуваниот Golf VIII, но сега доза нестрпливост претставува спортската, GTI изведба.

Според извори блиски до Volkswagen Групацијата оваа изведба треба да се појави следната година, а во меѓувреме се појавија и првите рендери од можниот изглед.

Од рендерите може да се види дека оваа изведба доаѓа со препознатливите бандажи, изменет преден браник како и препознатливата црвена линија над фаровите и предната маска.

Volkswagen Golf GTI

Под хаубата се очекува 2.0 литарски турбо бензински мотор со околу 250 КС, а Cup верзијата ќе дојде со истиот мотор, но со 290 КС. Најмоќна ќе биде R верзијата со околу 330 КС.

Првите официјални технички карактеристики се очекува да бидат познати до крајот на годината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK