Уверете се и вие: Нирбургринг беше и остана опасна патека (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Патеката во Германија, Нирбургринг важи за една од напривлечните за автомобилските фанатици, но во исто време е и една од најопасните. Многумина одат на Нирбургринг за да го возат својот автомобил и да покажат дека се одлични возачи. Едноставно имаат потреба од адреналин, а веројатно уште попривлечна им е ниската цена за излегување на пистата.

Вистината за Нирбургринг е поинаква. Се работи за патека со голем број на кривини на која и професионалните возачи често губат контрола на својот автомобил. Оттаму многу често има несреќи, а колку е опасна покажува и видеото подготвено од оваа патека.

Нирбургринг е патека создадена во 1927 година. Има претрпено многу измени со цел да стане побезбедна за возење. На почетокот била подолга и многу поопасна од она што е сега, а се наоѓа на 120 километри северозападно од Франкфурт и 80 километри јужно од Келн.

И понатаму кога ќе се спомене Нирбургринг се зборува за катастрофата со која во 1976 година Ники Лауда остана без титула.

За колку опасна патека се работи се гледа и од сосема уништените автомобили во видеото така што секој што мисли да се впушти на брзините низ оваа патеката треба добро да размисли. Нирбургринг нуди многу замки и опасности.

https://www.youtube.com/watch?v=F_FJtGSBmrI

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK