Северноамериканскиот оддел на Honda објави дека компанијата ќе ги открие првите детали за новата генерација (2022 година), на хитот на американскиот пазар, моделот Civic Sedan со помош на специјалниот пренос на стриминг платформата TWITCH на 17 ноември.
Новата и единаесетта по ред генерација на Honda Civic ќе биде претставена под формата на прототипен развој.
Од компанијата велат дека сериската верзија на седанот ќе ја крене летвичката во сегментот во однос на дизајнот, управувањето со патиштата, безбедноста и технологиите.
После речиси 12.000.000 реализирани единици во САД од дебито на домашниот пазар во 1973 година, новиот Civic Sedan ќе биде лансиран во САД кон крајот на пролетта од следната година.