Успешен проект: Кинезите ја намалија загаденоста на воздухот за една третина

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеските метрополи се меѓу најзагадените во светот, а тоа не е никаква тајна. Се знае дека воздухот е загаден и дека многу од тамошните жители низ градот се движат со маски на лицето. Владата на Кина не ги разгледува овие проблеми, како некои други држави, кои знаат да преземат одредени мерки за да ја решат ситуацијата.

И покрај тоа последните инфорамции велат дека битката на Владата на Кина со загаденоста почнува да добива победнички карактер. Во моментов нивото на цврстите честички во воздухот е намалено за 32 проценти во голем број од градовите во Кина, а во некои намалувањето е и уште поголемо.

Намалувањето на загаденоста на воздухот се должи на агресивната политика на Владата, која забрани градење на нови електроцентрали на јаглен. Покрај тоа изврши притисок за намалување на штетните емисии на веќе постоечките централи, а беше намален и сообраќајот на патиштата. Воедно беа затворени неколку рудници на јаглен и железнички претпријатија.

Пекинг е меѓу најдобрите во оваа насока бидејќи намалувањето на цврстите честички во воздухот е дури 35 проценти. Шиазгуанг е градот кој има најголемо намалување од 39 проценти.

Намалувањето на загаденоста е главен приоритет на Владата на Кина и само за оваа цел се изделени дури 120 милијарди долари.

Според аналитичарите, ако Кинезите успеат да го задржат ова темпо тоа ќе им овозможи секој Кинез да го продолжи животот за околу две и пол години. Жителите на градовите би достигнале до продолжување на животот од дури пет години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK