Уште тоалетна хартија Tesla што нема!

ОБЈАВЕНО НА:

Несомнено е дека Tesla е еден од најпопуларните, а воедно и највредните брендови на денешницата. Оваа популарност ја искористија бројни други компании кои го заштитија овој назив за најралични производи.

Така на пример, на Балканскиот Полуостров можеме да забележиме дека под називот Tesla се продаваат мобилни уреди, клима уреди, телевизори и други апарати за домаќинство.

Секако овие немаат никаква врска (освен името) со американскиот производител на автомобили, а врска нема ни со Tesla парфемите, шампоните, чоколадата Tesla.

Она што како последен во низата произвди под овој назив излезе во регионов е т.н. TeslaVoda. Така во Србија веќе се продава оваа вода како високо енергеетска. Водата се продава во амбалажно пакување од 0,33 литри.

Српскиот производител го искористи потеклото на Никола Тесла од овој регион за популаризација на овој производ, но и звучноста (брендот) од американскиот производител на автомобили.

По се остана уште тоалетна хартија да се продава под овој бренд….

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK