Уште нема одлука: Од Volkswagen демантираат дека во Турција ќе градат фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

И кога сите мислеа дека сапуницата поврзана со локацијата за изградба на новата мултибренд фабрика на Volkswagen Групацијата е завршена следува нов заплет.

За тоа да биде така се погрижи портпаролката на Volkswagen, Лесли Ботке која изјави дека компанијата сеуште нема донесено конечна одлука за избор на локацијата за новата фабрика. “Не можеме да откриеме детали за локациите” додаде Ботке на прашањето која земја е фаворит.

За потсетување, пред само неколку дена се појавија написи од страна на германските медиуми според кој Volkswagen ќе ја гради фабриката во Турција, поточно во близина на Измир. При тоа најголемо влијание за носењето на оваа одлука наводно доаѓало од Катар, земја која поседува дел од акциите во Volkswagen Групацијата.

Со оваа изјава на Ботке во игра се враќаат и останатите земји, Србија, Бугарија и Романија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK