Иако фановите на Alfa Romeo беа во исчекувње годинава конечно да ја видат новата, втора генерација од моделот Giulietta, сепак уште кон крајот на минатата година беше потврден крајот за овој модел.
Сега и официјално, повикувајќи се на информации од FCA, италијанските медиуми предвидуваат уште само неколку месеци живот за овој модел. Така од понудата, а со тоа и производство овој модел ќе се повлече кон крајот на оваа година.
Со самото ова во понудата италијанскиот производител ќе остане само со два модели: Giulia и Stelvio. Никогаш волку сиромашанта понуда за нов модел ќе чека кон крајот на следната година кога во производство ќе влезе Tonale.
Што се однесува до Giulietta, втората генерација или целосно нов хечбек модел треба да се очекува во 2022 или 2023 година.