Уште не почнал да се продава а Grand Wagoneer не им се допаѓа на дилерите на Jeep

ОБЈАВЕНО НА:

Шефовите на Jeep вложуваат многу во создавањето на големиот и луксузен СУВ Grand Wagoneer, кој ќе биде поголем и полуксузен од Grand Cherokee и ќе ја добие улогата на предводник на брендот. Засега има само еден проблем: моделот уште се нема појавено, а веќе има одбивност од страна на дилерите.

Според Automotive News, дел од дилерите не се сигурни дали клиентите ќе го сакаат големото СУВ возило поради новото зголемување на цената на горивото во САД, како и на каматите на кредитите и лизинг зделките и тоа ќе го направи новиот Grand Wagoneer потежок за продавање.

Главниот извршен директор на FIAT, Серџо Маркионе уште пред седум години објави дека Jeep ќе предложи голем и луксусен СУВ со три реда на седишта, но моделот уште не е стигнат до пазарот.

Тоа треба да се случи најдоцна во 2020 година за да се вклучи Grand Wagoneer за моделната 2021, но никој не се осудува да прогнозира каква ќе биде заинтересираноста на клиентите кон овој тим на СУВ, со оглед на тоа што троши многу повеќе бензин во однос на компактните ривали.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK