Уште не почна производството, a Mercedes Project One веќе распрoдаден во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата треба да произведе само 275 примероци од суперавтомобилот Project One, а иако испораките се најавени за 2019 година, во САД веќе се распродадени сите примероци.

Овој Mercedes AMG Project One беше претставен зад затворени врати на саемот во Женева. Тоа не беше финалната производна верзија, а оној модел што ќе биде ставен на производната лента ќе биде најмалку 85 отсто како и претставениот концепт.

рендернинг фотографија на изгледот на Mercedes AMG Project One

Листата на потенцијални купувачи била направена уште пред еден месец, но се` уште не е направена финалната листа, иако автомобилот треба да чини 2,4 милиони долари. За да се влезе во избраното друштво потребна е потврда дека сте лојален муштерија на Mercedes, но и да ги уверите во компанијата дека ќе го користите автомобилот, а не да го чувате во гаража.

Project One ќе го покренува 1.6 литарски V6 мотор превземан од W07 F1 болидот, што е адаптиран за овој автомобил. Најавено е дека после 50.000 изминати километри ќе треба да се извршат промени на некои делови.

Светската премиера е закажана за септември на саемот во Франкфурит, а испораките се очекуваат во 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK