Следната сезона во најпопуларното авто-мото натпреварување, Формула ќе бидеме сведоци на уште една братска двојка. Станува збор за браќата Леклер.
Според пишувањата, на Шарл Лекрер, актуелниот возач на Скудерија Ферари ќе му се приклучи и Артур Леклер, кој најпрво ќе вози во Формула 3.
Помладиот, 20 годишниот Леклер уште од 2018 година настапува за погорните категории на натпреварување. Прво во F4, а потоа во ADAC Формула 4. Токму во ова натпреваруваше беше и европски регионален шампионат возејќи за Prema Racing. Следната сезона ќе биде во истиот тим, но во Формула 3.
Ова не е прв пат да гледаме браќа во Формула 1 шампионатот. Покрај најпознатиот братски тандем Михаел и Ралф Шумахер, во историјата на ова натпреварување се паметат и браќата Вилнев (Жил и Жак), Шектер (Џоди и Јан), Стујарт (Џеки и Џими), Фаби (Тео и Корадо), Фитипалди (Емерсон и Вилсон), Родригез (Педро и Рикардо), Винкелхок (Манфред и Џо) и Бребхем (Дејвид и Гери).