Уште една земја забрани користење на црни автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Втора земја од почетокот на годинава го воведува ова правило, според кое државните службеници нема да можат да возат автомобили со црна боја. Тоа прво го донесе како закон Туркменистан на почеток на јануари. Властите во Грузија им забранија на државните службеници да се возат во автомобили со црна боја. Според премиерот Георги Квирикашвили така ќе биде ставен крај на ерата на “црните џипови” и ќе се забрза транзицијата кон еколошки чист транспорт, соопштува РИА Новости.

Согласно новиот декрет “За утврдување на прераспределбата на државната авто флота, класификацијата и купување на службени автомобили и правилата за нивна замена”, сите министерства и оддели се обврзуваат да подготви план за купување на нови автомобили. Некои од нив мора да бидат “зелени”.

Министерот за помирувањето и граѓанска рамноправност, Кетеван Цихелашвили смета дека таков чекор значи откажување од “одредени атрибути на луксузот”, кои досега биле споредувани со државните служби.

Во јануари властите во Туркменистан воведоа забрана на увозот и експлоатацијата на црни автомобили, а полицијата почна да ги конфискува автомобили во таквѐ боја. Официјално објаснување за наметнатите промени не беше дадено, но е јавна тајна дека белата е омилена боја на претседателот Гурбангули Бердимухамедов, кој победи на последните избори со 97.69%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK