Уште една кинеска компанија стана сопственик на дел од Daimler

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај тоа што значително инвестираат во развој на сопствени автомобили во погоните во Кина, кинеските производители на автомобили значително инвестираат и во останатите, пред се европски производители.

Причината за тоа е диверзификацијата и намалувањето на ризикот на инвестициите, а последна компанија која го направи тоа е BAIC која купи 5% од вкупните акции на Daimler.

Ројтерс пренесува дека BAIC во мај годинава побарал купување на 5% во акциите на Daimler како начин да го осигура инвестирањето во Beijing Benz Automotive што претставува join-venture компанија заедно со Daimler.

За потсетување, минатата година Geely купи 9.69% од акциите на Daimler, а оваа компанија направи и сериозен обид за купување на поголем процент од акциите со глас во оваа германска компанија.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK