Уште една држава забранува мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во Сингапур ќе ја забранат регистрацијата на нови автомобили и такси возила опремени со дизелски мотори, а тоа ќе почне од 2025 гдина. Информацијата е од локалните органи за копнен транспорт (LTА). За пет години сите нови автомобили ќе бидат опремени со еколошки електрични мотори, а до 2040 година забраната за мотори со внатрешно согорување ќе важи за целиот возен парк во земјата.

Како што објаснува Blооmbеrg, Cингaпур плaнирa да воведе мoрaтoриум над дизел горивото во 2030 година, но одлучи да го одложи рокот за пет години. Причината е во желбата да се намалат емисиите на штетни гасови во атмосферата и да се стимулира ширењето на електрични превозни средства што е можно поскоро.

Според LTА околу 2,9 проценти од автомобилите се движат со дизел гориво во Сингапур додека делот на такси возила кои користат нафта како гориво достигнува 41,5 проценти. Покрај тоа повеќето камиони и автобуси се полнат со дизел, кои нема да биде засегнати од забранат објавена од Владата.

До 2030 година, Сингапур планира да распореди мрежа од 60.000 станици за полнење на електрични автомобили, две третини од нив ќе бидат инсталирани на јавни паркинзи, а другите на приватни. Специјално формиран државен орган ќе раководи со преминот на автомоилскиот парк во земјата кон електрична енергија.

Според планот на Владата до 2040 година секој автомобил во Сингапур ќе биде опремен со еколошки електромотори. Планот вклучува и други мерки: проширување на бројот на сончеви панели, засадување на милион нови дрвца, проширување на железничката мрежа, велосипедски патеки и намалување на количината на ѓубре, кое се носи на депониите во земјата.

За потсетување, во декември минатата година Владата на Јапонија објави дека во средината од 2030 година земјата ќе забрани целосно продажба на нови автомобили кои се опремени со мотори со внатрешно согорување. Освен во земјата на изгрејсонцето ограничувања или забрани за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување се подготвуваат и во Канада, Норвешка, Германија и во Калифорнија. Од 2040 година сите нови камиони кои се продаваат во Европа ќе ги загубат традионалните мотори.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK