Уште еден кинески производител со светски амбиции

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија во Кина од година во година бележи се поголем раст, а главни двигатели се домашните производители. Иако во моментов како попознати се Geely, Cherry, Great Wall, сепак постои уште стотина, поголеми и помали производители.

Еден од тие помалку познати производители е Nio кој поради истакнато технолошките постигнувања се нарекува и како кинеска Tesla.

Поради тоа, овој производител има големи амбиции во освојување на светскиот пазар и тоа е само една од таквите кинески компании кои на големо планираат освојување на глобалниот или на значајни регионални пазари.

“Да. Ние сакаме да бидеме глобален бренд. Имаме речиси 200 вработени во Минхен, на пример. Сепак, ние сме сеуште млада компанија и имаме лимитирани ресурси” изјави првиот човек на Nio, Вилијам Ли.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK