Уште еден кинески новитет – претставен обновениот Trumpchi GA4

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога европските производители под притисок на пандемијата на коронавирусот ги намалија активностите на развој на автомобили, кинеските се оние кои секојдневно објавуваат новитети.

Последен во низата го објави GAC и се однесува на обновениот Trumpchi GA4.

Овој модел беше првично претставен во 2018 година, но по две години GAC Group се одлучува да го поднови нискобуџетниот автомобил чиј цени во Кина стартуваат од 9 илјади евра.

Доааѓ со мали измени на предниот дел кои се впечатливи кај браникот. Зголемена е маската, а има и нови LED светла. Минимални измени има и кај задниот браник. Благодарение на новите браници овој автомобил сега е подолг за 43 мм и вкупната должина изнесува 4.735 мм.

Во внатрешноста доаѓа со новиот мултимедијален систем, а доминантен е новиот екран осетлив на допир како и дигиталната инструментална табла.

Во однос на мотористиката таа останува иста. Тука е 1,3 литарскиот турбобензински мотор како и 1,5 литарскиот I4 бензински мотор. Во понудата доаѓа со шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK