Саемите веќе не се она што некогаш беа и се почесто доаѓаат информации дека одредени брендови решиле да не изложуваат на тие места без разлика колку важни биле тие саеми во минатото. Последниот бренд што реши да заштеди доста милиони е Opel.
Раководството на компанијата донесе одлука да не учествува на изложбата во Париз. Ваквата информација доаѓа на неполн месец пред почетокот на манифестацијата и претставува големо изненадување за организаторите. Тие веќе се соочуват со големи проблеми поради откажувањето на некои од најголемите светски производители.
На саемот во Париз нема да се појават: Aston Martin, Bentley, Fiat Chrysler, Ford, Lamborghini, Mazda, McLaren, Mitsubishi, Nissan, Rolls-Royce и Volkswagen. Сепак Skoda ќе се појави на саемот.
Производителите ги објаснуваат одлуките поради тешкотијата да се привлече вниманието на публиката и медиумите. Наместо да го бидат дел од вакви саеми компаниите повеќе сакаат да организираат специјални настани посветени на конкретен модел.