Некогаш најбрзиот човек на светот, сопственик на бројни спринтерски рекорди, Усеин Болт доби електричен автомобил во негова чест. Претставен на саемот за технологија во Париз, микро електричниот автомобил Bolt Nano го носи називот токму на овој 32 годишен атлетичар.
Замислен како микро електричен автомобил идеален за централизираните градски подрачја, Bolt Nano, иако не со големи брзински перформанси, нуди идеален и доста ефикасен транспорт, особено на кратки дистанци.
На премиерата не беа соопштени технички карактеристики, но се шпекулира дека со едно полнење на батеријата ќе може да помине до 30 километри. Според очекувањата, почетната цена на автомобилот треба да изнесува 9.999 американски долари.